Линкови за пристапност

Група конгресмени бара од Бајден да воведе мерки за заштита на работа при горештини


Група од 112 демократски членови на Конгресот денес ја повикаа администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден да воспостави прописи за безбедност при топлина за внатрешните и надворешните работни места, како што смртоносен топлотен бран се шири низ целата земја.

Групата побара од Управата за безбедност и здравје при работа да издаде нови стандарди за соодветни паузи за вода и одмор, медицинска обука за да се идентификуваат болестите поврзани со топлина и план за работните места да ги приспособат своите операции за време на опасно висока топлина.

Овој потег доаѓа откако САД доживуваат лето со рекордни жештини во некои градови.

Законодавците ги наведоа неодамнешните смртни случаи поврзани со топлина на две лица од Тексас - вработен во американската поштенска служба кој почина на топлина од 46 Целзиусови степени и 35-годишен електричен службеник, кој најверојатно починал од топлотна исцрпеност.

„Овие топлотни бранови се опасни, тие се опасни по живот и – со разорните ефекти од климатските промени – тие само се влошуваат“, рече во изјавата сенаторот Берни Сандерс, еден од законодавците кои го потпишаа писмото.

„Ја повикувам администрацијата брзо да се придвижи за да го создаде овој национален стандард за топлина за да ги заштити работниците на работа“.

Тој бара од Управата за безбедност и здравје при работа да ги моделира новите стандарди по нацрт-законот од 2022 година што Конгресот никогаш не го прифати, именуван по смртта на работник на фарма во Калифорнија, кој почина откако береше грозје десет часа на температури од 41 Целзиусов степен во 2004 година.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG