Линкови за пристапност

Мора да обезбедиме заштита на Украина од небо, повика Зеленски


Украинскиот претседател вчера изјави дека руските сили лансирале 600 борбени дронови и повеќе од 330 проектили врз Украина од почетокот на годината
Украинскиот претседател вчера изјави дека руските сили лансирале 600 борбени дронови и повеќе од 330 проектили врз Украина од почетокот на годината

Украинската војска денес соопшти дека нападите од Русија во текот на ноќта вклучиле 20 беспилотни летала и три балистички ракети насочени кон повеќе делови на Украина.

Украинското воено воздухопловство соопшти дека воздушната одбрана на земјата уништила 14 од беспилотните летала.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека руските сили лансирале 600 борбени дронови и повеќе од 330 проектили врз Украина од почетокот на годината.

Зеленски ги повтори своите повици Украина да има соодветен „воздушен штит“ за заштита на неговата земја.

„Мораме да обезбедиме контрола на Украина над нејзиното небо, што е исто така клучно за обезбедување безбедност на теренот - од позициите на првата линија до болниците и училиштата во задниот дел“, рече тој.

Како што помошта за Украина е заглавена во американскиот Конгрес, шефот на ЦИА Вилијам Барнс рече дека би било самонанесена грешка од „историски размери“ САД да ја стопираат поддршката за Киев во речиси двегодишната војна со Русија.

Гласањето во Конгресот за нова помош од 60 милијарди долари за Украина е поврзано со законодавството за заострување на имиграциските контроли на границата на САД со Мексико.

Но, деталите од новиот закон за имиграција допрва треба да се решат, а целокупното законодавство е вклучено во политиката на претседателската кампања во 2024 година, оставајќи ја во ризик помошта за Украина.

Дел од информациите во текстот се од Асошиетед прес, агенцијата Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG