Линкови за пристапност

САД би направиле грешка од историски размери ако ја прекинат помошта за Киев, вели ЦИА


Гласањето во Конгресот за нова помош од 60 милијарди долари за Украина е поврзано со законодавството за заострување на имиграциските контроли на границата на САД со Мексико
Гласањето во Конгресот за нова помош од 60 милијарди долари за Украина е поврзано со законодавството за заострување на имиграциските контроли на границата на САД со Мексико

Додека помошта за Украина е закочена во Конгресот, директорот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс, вели дека би било самонанесена грешка од „историски размери“ за САД да ја стопираат поддршката за Киев во речиси двегодишната војна со Русија.

Гласањето во Конгресот за нова помош од 60 милијарди долари за Украина е поврзано со законодавството за заострување на имиграциските контроли на границата на САД со Мексико.

Но, деталите од новиот закон за имиграција допрва треба да се решат, а целокупното законодавство е вклучено во политиката на претседателската кампања во 2024 година, доведувајќи ја во ризик поголемата помош за Украина.

Но, Барнс, за магазинот „Форин аферс“ рече: „Испраќањето оружјето ќе ја стави Украина во посилна позиција ако се појави можност за сериозни преговори за ставање крај на војната“.

„Тоа нуди шанса да се обезбеди долгорочна победа за Украина и стратешка загуба за Русија“, рече директорот на ЦИА.

„Со помалку од 5% од буџетот за одбрана на САД, тоа е релативно скромна инвестиција со значителни геополитички приноси“.

Тој ја окарактеризира инвазијата на Украина од страна на рускиот претседател Владимир Путин во февруари 2022 година како „глупост на Путин“.

„Најмалку 315.000 руски војници се убиени или ранети, две третини од рускиот предвоен инвентар на тенкови е уништен, а фалената повеќедецениска програма за воена модернизација на Путин е згасната“, рече Барнс.

Сепак, Барнс рече дека Путин веројатно нема да се повлече од нападот врз соседна Украина.

„Секогаш е грешка да се потцени неговата фиксација за контрола на Украина“, рече Барнс.

„Без таа контрола, тој верува дека е невозможно Русија да биде голема сила или тој да биде голем руски лидер“.

Барнс рече дека војната „тивко ја нагризува неговата моќ дома“, но рече дека „тој продолжува да се обложува дека времето е на негова страна, дека може да ја уништи Украина и да ги истроши нејзините западни поддржувачи“.

Тој ја повика Украина да удри подлабоко на територијата што ја контролира Русија.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во понеделникот предупреди дека одбранбената војна на Украина против Русија е загрозена без нова рунда помош одобрена од Конгресот.

„Без него, едноставно кажано, сè што постигнаа Украинците и што ние им помогнавме да го постигнат ќе биде загрозено“, рече Блинкен на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Вашингтон.

Шефот на НАТО изрази уверување дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина, велејќи дека е во интерес на САД да осигураат дека Русија нема да победи во Украина.

Столтенберг, исто така, рече дека помагањето на Украина е заеднички напор со сојузниците во НАТО и дека тоа не се гледа како милостина, туку како „инвестиција во нашата сопствена безбедност“.

XS
SM
MD
LG