Линкови за пристапност

Бајден повторно го повика Конгресот да одобри дополнителна помош за Украина, Израел и Тајван


Американските законодавци се соочуваат со два рока за повторно затворање на владата - едниот во петок, додека се обидуваат да се договорат за одделна легислатива што се однесува на финансирањето на Украина и мерките за спречување на приливот на мигранти на границата меѓу САД и Мексико.

Претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон и другите републиканци ја критикуваа администрацијата на Бајден за нејзината имиграциска политика и рекоа дека компромисот во Сенатот нема шанси да помине во Претставничкиот Дом.

Претседателот Џо Бајден го повика Конгресот да одобри 61 милијарда долари помош за Украина, Израел и Тајван. Конзервативните републиканци инсистираат дека ова финансирање мора да биде поврзано со поцврсти мерки за безбедност на границата за да се ограничи нелегалното влегување на мигрантите.

Републиканците, исто така, велат дека нивната верзија на предлог-законот, кој го усвои Домот под контрола на републиканците во 2023 година без поддршка на демократите, ќе спречи стотици илјади мигранти, вклучително и илјадници деца без придружба, да ја преминат јужната граница на САД со Мексико.

Критичарите на предлог-законот на Домот не се согласуваат. Тие велат дека укинувањето на заштитата за имиграција слична на азил е контрапродуктивно и ќе ги доведе мигрантите во рацете на шверцерите.

XS
SM
MD
LG