Линкови за пристапност

Лукашенко рече дека добил нуклеарно оружје од Русија


Белорускиот претседател рече дека оружјето било трипати помоќно од атомските бомби што САД ги фрлија врз Хирошима и Нагасаки во 1945 година
Белорускиот претседател рече дека оружјето било трипати помоќно од атомските бомби што САД ги фрлија врз Хирошима и Нагасаки во 1945 година

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека неговата земја почнала да добива руско тактичко нуклеарно оружје, од кое некое, според него, било трипати помоќно од атомските бомби што САД ги фрлија врз Хирошима и Нагасаки во 1945 година.

„Имаме проектили и бомби што ги добивме од Русија“, рече Лукашенко во интервју за рускиот државен ТВ канал „Россија-1“, што беше објавено на каналот „Телеграм“.

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот изјави дека Русија, која ќе ја задржи контролата над тактичкото нуклеарно оружје, ќе започне да го распоредува во Белорусија откако ќе бидат подготвени специјални складишта за нивно сместување.

Рускиот лидер во март објави дека се согласил да распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, укажувајќи на американското распоредување на такво оружје во голем број европски земји во текот на многу децении.

САД ја критикуваа одлуката на Путин, но рекоа дека немаат намера да го менуваат сопствениот став за стратешкото нуклеарно оружје и не виделе никакви знаци дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје.

Рускиот чекор сепак внимателно го следат САД и нивните сојузници, како и Кина, која постојано предупредуваше да не се користи нуклеарно оружје во војната во Украина.

Лукашенко, близок соработник на Путин, изјави за руската државна телевизија во интервјуто, објавено доцна во вторникот, дека неговата земја има бројни нуклеарни складишта останати од советската ера и дека обновила пет или шест од нив.

Тој ја омаловажи идејата дека руската контрола на оружјето е пречка за нивно брзо користење доколку смета дека таков потег е неопходен, велејќи дека тој и Путин можат да си подигнат телефон еден на друг „во секој момент“.

Лукашенко, кој дозволи неговата земја да биде искористена од руските сили кои ја напаѓаат Украина како дел од она што Москва го нарекува нејзината „специјална воена операција“, вели дека нуклеарното распоредување ќе дејствува како одвраќање против потенцијалните агресори.

Белорусија граничи со три земји-членки на НАТО: Литванија, Летонија и Полска.

68-годишниот Лукашенко, кој владее со Белорусија од 1994 година, го прави лидер со најдолг мандат во Европа.

„Отсекогаш сме биле мета“, рече Лукашенко.

„Тие [Западот] сакаа да не` распарчат од 2020 година. Никој досега не се борел против нуклеарна земја, земја што има нуклеарно оружје“

Лукашенко постојано го обвинуваше Западот дека се обидува да го собори по масовните протести против неговото владеење кои избувнаа во 2020 година, по претседателските избори за кои опозицијата рече дека тој победил со измама.

Лукашенко рече дека победил праведно, додека водеше опсежна акција против неговите противници.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG