Линкови за пристапност

Белорусија бара безбедносна гаранција од Русија


Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека на неговата земја и се потребни безбедносни гаранции од Русија, јави државната телевизија Белта.

Коментарите дојдоа додека Лукашенко беше домаќин на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Според Белта, Лукашенко рече дека разговорите со рускиот претседател Владимир Путин минатата недела, главно биле насочени кон потребата Русија да ја заштити Белорусија „како своја територија“ доколку има „агресија“ кон Белорусија.

Путин беше критикуван минатиот месец кога објави дека Русија ќе распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.

Руските сили, исто така, ја искористија Белорусија како област за покренување на целосна инвазија на Украина пред повеќе од една година, откако двајцата сојузници тврдеа дека одржуваат само воени вежби без план за напад на Украина.

Двајца загинати во Запорожје откако руски воздушен напад погоди станбена зграда во југоисточниот украински град.

Во својата порака за Велигденската недела, папата Фрањо се повика на молитви и за украинскиот и за рускиот народ. Тој ги пофали и нациите кои им помагаат на бегалците.

Две украински провинции - Харков на североисток и Запорожје на југоисток - беа погодени од руски ракети, ракети и артилериски оган во текот на викендот, објави во неделата украинската војска.

Олександр Прокудин, гувернер на регионот Керсон, рече дека руски воени авиони нападнале две заедници доцна во неделата, но тој рече дека нема непосредни извештаи за жртви, според Асошиетед прес (АП).

Гувернерот на Харков, Олех Синиехубов, рече дека во гранатирањето во Купијанск, град кој порано го држеле руските сили пред Украина да ја преземе контролата во септември минатата година, во неделата загинале двајца мажи.

Подоцна во неделата, Синиехубов на Телеграма рече дека градот и понатаму е нападнат, а руските сили гаѓале станбени области со ракетни фрлачи, објави АП.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските воздушни напади кои се совпаднаа со празнувањето на Цветници. Мнозинството од жителите на Украина се православни христијани кои ќе го прослават Велигден на 16 април.

Некои материјали во овој извештај се од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG