Линкови за пристапност

Израелците велат дека Хамас мора да биде уништен и покрај жртвите во Газа


Израелската војска во вторникот претрпе еден од најсмртоносните денови во двомесечната војна во Газа, со еден полковник меѓу 10 загинати војници
Израелската војска во вторникот претрпе еден од најсмртоносните денови во двомесечната војна во Газа, со еден полковник меѓу 10 загинати војници

Израелските граѓани во средата рекоа дека армијата не треба да отстапи од својата непопустлива офанзива за да го уништи Хамас, и покрај повикот на Генералното собрание на ОН за прекин на огнот, зголемениот список на жртви на војници и зголемениот број на убиени Палестинци во Газа.

Израелската војска во вторникот претрпе еден од најсмртоносните денови во двомесечната војна во Газа, со еден полковник меѓу 10 загинати војници, со што билансот се искачи на 115 - речиси двојно повеќе од бројот на загинати за време на судирите во крајбрежната енклава пред девет години.

И додека условите се тешки и повеќе од 18.500 Палестинци се убиени во воздушниот и копнениот напад на израелската армија, американскиот претседател Џо Бајден рече дека „недискриминирачкото“ бомбардирање на цивилите во Газа ќе се одрази врз меѓународната поддршка на Израел.

Но, шестмина Израелци кои разговараа за Ројтерс денес рекоа дека сега не е време да се повлечат, без оглед на намалување на глобалнота симпатија што се рефлектираше во резолуцијата на ОН во вторникот.

Анкетите во последните недели покажуваат огромна поддршка за војната и покрај зголемените последици.

Хамас рече дека убиството на војниците во вторникот покажало дека Израел никогаш нема да ги постигне своите воени цели.

XS
SM
MD
LG