Линкови за пристапност

Најмалку десет израелски војници убиени во северниот дел на Газа додека ОН повика на прекин на огнот


Израелската војска во средата објави дека загинале најмалку 10 војници во борбите во северниот дел на Појасот Газа, додека извршила напади во својата кампања за елиминирање на милитантната група Хамас.

Израелската војска соопшти дека нападнала повеќе од 250 цели во текот на изминатиот ден. Во израелските воздушни напади биле вклучен и цели врз тим кој се подготвува да лансира ракети кон Израел.

За време на операцијата во Газа, израелските трупи пронајдоа тела на две лица земени како заложници за време на нападот на Хамас во октомври, што предизвика израелска воена реакција.

Портпаролот на израелските одбранбени сили рече дека Хамас држи заложници под земја во преполните делови на Газа, што ги прави напорите за спасување сложени, но тој рече дека Израел нема да се одврати во својата мисија да го ослободи секој заложник.

Продолжените борби дојдоа во време на обновени предупредувања за ефектот на војната врз палестинските цивили во Газа. „Трагично, сепак, предвидуваме повеќе цивилни смртни случаи и страдања, а исто така дополнително раселување што му се заканува на регионот“, рече во средата шефот на ОН за бегалци, Филипо Гранди.

Папата Францис го обнови повикот за итен прекин на огнот, истовремено повикувајќи на испорака на хуманитарна помош во Газа и ослободување на заложниците кои ги држи Хамас.

XS
SM
MD
LG