Линкови за пристапност

Императив е цивилите во Газа да бидат заштитени, рече Блинкен


Тој рече дека Израел не успеал да ги заштити палестинските цивили додека ја продолжува својата офанзива против милитантите во тесната енклава покрај Средоземното Море
Тој рече дека Израел не успеал да ги заштити палестинските цивили додека ја продолжува својата офанзива против милитантите во тесната енклава покрај Средоземното Море

САД, најголемиот поддржувач на Израел во неговата војна против милитантите на Хамас, во неделата изјавија дека израелската војска не успева во најавената намера да заштити што е можно повеќе палестински цивили кои се обидуваат да побегнат од израелските напади во појасот Газа.

„Императив е цивилите да бидат заштитени“, изјави државниот секретар Ентони Блинкен за Си-Ен-Ен.

Тој рече дека Израел не успеал да ги заштити палестинските цивили додека ја продолжува својата офанзива против милитантите во тесната енклава покрај Средоземното Море.

Генералното собрание на ОН денес одржува итен состанок за нацрт-резолуцијата со која се бара итен хуманитарен прекин на огнот во Газа.

Ријад Мансур, палестинскиот амбасадор во ОН, изјави за Асошиетед прес дека тоа е слично на резолуцијата на Советот за безбедност на која САД ставија вето во петокот.

XS
SM
MD
LG