Линкови за пристапност

Израелците и Палестинците заслужуваат да живеат во мир, рече Бајден


Бајден на прес-конференција во Белата куќа рече дека „аспирациите на Палестинците не можат да се игнорираат. Израелците и Палестинците подеднакво заслужуваат да живеат рамо до рамо во безбедност, достоинство и мир“
Бајден на прес-конференција во Белата куќа рече дека „аспирациите на Палестинците не можат да се игнорираат. Израелците и Палестинците подеднакво заслужуваат да живеат рамо до рамо во безбедност, достоинство и мир“

Дури и додека трае војната меѓу Израел и милитантите на Хамас во појасот Газа, американскиот претседател Џо Бајден денес изрази поддршка за она што сега изгледа како далечна цел - долго бараната желба на САД за одделни, автономни израелска и палестинска држава.

Бајден на прес-конференција во Белата куќа рече дека „аспирациите на Палестинците не можат да се игнорираат. Израелците и Палестинците подеднакво заслужуваат да живеат рамо до рамо во безбедност, достоинство и мир“.

Американскиот лидер рече дека е вознемирен од „екстремистичките доселеници“ кои ги напаѓаат Палестинците на Западниот Брег, окупиран од Израел.

Бајден, исто така, изрази загриженост за безбедноста на повеќе од 200 заложници, од кои некои се верува дека се Американци, заробени од Хамас за време на неговиот напад на Израел на 7 октомври.

„Очигледно тие се загрозени“, рече Бајден.

„Ако можеме да ги извлечеме, треба“.

Хамас во последните денови ослободи четворица заложници, една Американка и нејзината ќерка, и две постари Израелки.

Но, Стејт департментот предупреди во соопштението за тоа колку тешко ќе биде ослободувањето на повеќе.

„Можете да замислите колку е комплицирано“, се вели во соопштението.

„Имаме работа со Израел, Египет и Хамас и не разговараме директно со Хамас. Египет може да испраќа пораки до Хамас. Катар може да испраќа пораки до Хамас. Но, можете да замислите колку е тешко“.

Израел вели дека во првичниот напад на 7 октомври, Хамас убил околу 1.400 Израелци.

Министерството за здравство под контрола на Хамас соопшти дека бројот на загинати во Газа достигнал најмалку 6.546 лица, од кои повеќето жени и деца.

Но, Бајден рече дека „нема доверба во Хамас за бројот на загинати“.

„Немам уверување дека Палестинците ја кажуваат вистината за тоа колку луѓе се убиени“, рече Бајден.

Израелската војска денес соопшти дека извршила воздушни напади врз локации на милитантите на Хамас во појасот Газа, како и напади врз воени локации во Сирија.

Војската соопшти дека целите на нападите во Газа биле тунели на Хамас, магацини за муниција и станици за лансирање ракети.

Сириските државни медиуми јавија дека во израелските напади загинале осум сириски војници, а ранети биле уште седум други во провинцијата Дара.

Израелската војска соопшти дека нејзините авиони ги извеле нападите како одговор на лансирањето ракети од Сирија кон Израел.

Прекуграничните напади доаѓаат во услови на загриженост дека војната меѓу Израел и Хамас може да прерасне во поголем регионален конфликт.

Израел ги предупреди милитантите на Хезболах во Либан поддржани од Иран да не се приклучуваат на војната.

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци предупреди дека доколку не добие итни пратки со гориво, може да биде принудена да ги прекине своите операции во Газа за неколку часа.

Неколку рунди испораки помош стигнаа до Газа од Египет оваа недела, но официјалните лица ја опишаа количината како многу недоволна за да се задоволат потребите на Палестинците кои живеат со огромен недостиг на храна, вода и лекови.

Испораките немаат вклучено гориво.

XS
SM
MD
LG