Линкови за пристапност

Агенциите на ОН апелираат за итен проток на хуманитарна помош во Газа


Помошта почна да доаѓа во саботата преку граничниот премин Рафах меѓу Газа и Египет
Помошта почна да доаѓа во саботата преку граничниот премин Рафах меѓу Газа и Египет

Агенциите на Обединетите нации (ОН) итно апелираат за укинување на израелската опсада на Газа и за непречен проток на хуманитарна помош на палестинската територија.

Газа беше ставена под целосна опсада по нападот на 7 октомври во јужен Израел од страна на милитантите на Хамас.

Две недели не беше дозволена храна, вода или медицински материјали во енклавата.

Помошта почна да доаѓа во саботата преку граничниот премин Рафах меѓу Газа и Египет.

„Од 21 октомври, три конвои со хуманитарни материјали влегоа во лентата, со вкупно 54 камиони ... кои носеа мешавина од храна, медицински материјали и непрехранбени производи“, рече Тамара Алрифаи, директор за надворешни односи и комуникации на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток.

Алрифаи ова го нарече „само капка пред огромните потреби на луѓето во појасот“.

Пред конфликтот, Алрифаи рече дека 500 камиони пристигнувале во Газа кои превезувале комбинација од комерцијални стоки и хуманитарни материјали, вклучително и 45 камиони гориво, секој ден.

Говорејќи во Јордан денес, таа им рече на новинарите во Женева дека горивото е речиси поважно од било што друго.

„Горивото е крајно итно бидејќи без гориво самите камиони не можат да се движат. Без гориво, генераторите не можат да произведуваат струја за болниците, за пекарите...“, рече меѓудругото таа.

„Газа отсекогаш имала проблем со пристапот до чиста вода за пиење. Проблемот е крајно отежнат сега со екстремно ограничен пристап до вода“.

Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН објави дека 1.300 израелски граѓани и жители биле убиени во нападите на милитантите на Хамас кои го нападнаа Израел.

Се вели дека палестинските вооружени групи, исто така, зеле околу 200 луѓе, вклучително и деца, како заложници, што е забрането со меѓународното право.

Од 7 октомври, Агенцијата известува дека повеќе од 5.000 луѓе во Газа биле убиени, вклучително и 2.000 деца, главно во напади и операции на израелските одбранбени сили.

Се вели дека цивилите го сочинуваат мнозинството од убиените и во Газа и во Израел.

Дописничката на Гласот на Америка од ОН Маргарет Бешир придонесе за текстот

XS
SM
MD
LG