Линкови за пристапност

Бајден и принцот Бин Салман разговарале за напорите да се спречи проширување на конфликтот


Тие се согласија во повикот да продолжат со пошироки дипломатски напори „за одржување на стабилноста во целиот регион и спречување на конфликтот да се прошири“, соопшти Белата куќа, додавајќи дека двајцата лидери ќе останат во тесна координација
Тие се согласија во повикот да продолжат со пошироки дипломатски напори „за одржување на стабилноста во целиот регион и спречување на конфликтот да се прошири“, соопшти Белата куќа, додавајќи дека двајцата лидери ќе останат во тесна координација

Американскиот претседател Џо Бајден и престолонаследникот на Саудиска Арабија Мохамед бин Салман денес разговараа за напорите да се спречи проширувањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас, соопшти Белата куќа.

Тие се согласија во повикот да продолжат со пошироки дипломатски напори „за одржување на стабилноста во целиот регион и спречување на конфликтот да се прошири“, соопшти Белата куќа, додавајќи дека двајцата лидери ќе останат во тесна координација.

Бајден и саудискиот престолонаследник ја поздравија испораката на хуманитарна помош од Египет во Газа и признаа дека „потребно е многу повеќе за цивилите“ да имаат постојан пристап до храна, вода и медицинска помош, според Белата куќа.

И двајцата ги поздравија тековните напори да се обезбеди ослободување на заложниците кои ги држи Хамас и повикаа на нивно итно ослободување, додаде Белата куќа.

Бајден и саудискиот престолонаследник ја потврдија важноста да се работи за „одржлив мир“ меѓу Израелците и Палестинците штом кризата ќе стивне, соопшти Белата куќа, додавајќи дека „ќе се надоврзат на работата што веќе беше во тек меѓу Саудиска Арабија и САД во последните месеци“.

Бајден и американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјавија дека сметаат оти нападот на Хамас на 7 октомври врз Израел, во кој загинаа над 1.400 луѓе, делумно е мотивиран да ја наруши потенцијалната нормализација на врските меѓу Израел и Саудиска Арабија.

Земјите од Заливот, вклучително и Саудиска Арабија, се загрижени дека поширок конфликт ќе влијае на нивната национална безбедност и притискаа за прекин на огнот во Газа и укинување на опсадата на појасот.

Иако повикаа на „хуманитарна пауза“ за испорака на помош, САД досега не го поддржаа прекинот на огнот, при што портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби рече дека прекинот на огнот во оваа фаза ќе му користи на Хамас.

Од 7 октомври, во тешките воздушни напади на Израел врз Газа, под контрола на Хамас, загинаа над 5.700 Палестинци, вклучително и над 2.300 деца, велат властите во Газа.

Газа, земјен појас долг 45 километри, во кој живеат 2,3 милиони луѓе, е политички управуван од 2007 година од Хамас, но се соочува со блокада од Израел.

XS
SM
MD
LG