Линкови за пристапност

Израел предлага двомесечна пауза во борбите во Газа за ослободување на сите заложници


Иако предлогот не вклучува договор за завршување на војната, тоа е најдолгиот период на прекин на огнот што Израел му го понуди на Хамас од почетокот на војната, пишува „Аксиос“
Иако предлогот не вклучува договор за завршување на војната, тоа е најдолгиот период на прекин на огнот што Израел му го понуди на Хамас од почетокот на војната, пишува „Аксиос“

Израел му дал на Хамас предлог преку катарските и египетските посредници што вклучува до два месеци пауза во борбите како дел од повеќефазен договор што ќе вклучи ослободување на сите преостанати заложници држени во Газа, изјавија двајца израелски официјални лица, објави „Аксиос“.

Иако предлогот не вклучува договор за завршување на војната, тоа е најдолгиот период на прекин на огнот што Израел му го понуди на Хамас од почетокот на војната, пишува медиумот.

Повеќе од 130 заложници се` уште се држат во Газа.

Израелските власти велат дека неколку десетици заложници или загинале на 7 октомври или во неколку недели од тогаш.

Советникот на претседателот Бајден Брет Мекгурк во неделата отпатува за Египет, а потоа ќе продолжи во Катар на разговори со цел да се постигне напредок во преговорите за да се обезбеди ослободување на заложниците што ги држеше Хамас.

Катарските и египетските посредници со недели се обидуваат да ги премостат празнините меѓу страните за да постигнат напредок кон договор.

Американските власти изјавија за „Аксиос“ дека постигнувањето таков договор може да биде единствениот пат што може да доведе до прекин на огнот во Газа.

Извор: Аксиос

XS
SM
MD
LG