Линкови за пристапност

Војната ќе трае многу месеци, вели израелската армија


Борбите денес вклучија израелски копнени операции и воздушни напади во градот Газа, во северниот дел на појасот Газа, каде Израел првично ја фокусираше својата кампања за елиминирање на милитантната група Хамас
Борбите денес вклучија израелски копнени операции и воздушни напади во градот Газа, во северниот дел на појасот Газа, каде Израел првично ја фокусираше својата кампања за елиминирање на милитантната група Хамас

Израелските сили извршија нови воздушни напади денес во појасот Газа, еден ден откако коментарите на израелските власти за проширување на копнените борби предизвикаа загриженост од Обединетите нации за безбедноста на цивилите.

Борбите денес вклучија израелски копнени операции и воздушни напади во градот Газа, во северниот дел на појасот Газа, каде Израел првично ја фокусираше својата кампања за елиминирање на милитантната група Хамас.

Откако се преселија на југ во областа Кан Јунис, израелските власти оваа недела сигнализираа придижување во делови од централна Газа, вклучително и области каде се наоѓаат повеќе бегалски кампови.

Голем дел од населението на Газа е принудено да ги напушти своите домови поради борбите, при што луѓето се натрупуваат во преоптоварените засолништа и се обидуваат да излезат од областите, како што Израел предупредува на претстојната воена акција.

Испораките на хуманитарна помош, исто така, беа ограничени поради насилството, доведувајќи до недостиг на храна, вода и гориво.

„Нема кратки патишта за разбивање на терористичка организација“, рече вчера началникот на израелската армија Херзи Халеви, мислејќи на Хамас.

Проширувањето на борбите во центарот на Газа ги натера Обединетите нации во вторникот да изразат тревога поради израелските напади во кои загинаа повеќе од 100 Палестинци во период од два дена оваа недела.

„Силно сме загрижени поради континуираното бомбардирање на средна Газа од страна на израелските сили, кое однесе повеќе од 100 Палестинци за Бадник“, изјави во вторникот портпаролот на Канцеларијата за човекови права на ОН Сеиф Маганго.

„Израелските сили мора да ги преземат сите достапни мерки за заштита на цивилите. Предупредувањата и наредбите за евакуација не ги ослободуваат од целокупниот опсег на нивните обврски согласно меѓународно хуманитарно право“, рече Маганго.

Началникот на израелската армија им рече на новинарите, во телевизиска изјава во вторникот од границата со Газа, дека војната ќе трае „многу месеци“.

„Нема магични решенија, нема кратења за разбивање на терористичка организација, само решителни и упорни борби“, рече Халеви.

„Ќе го достигнеме и раководството на Хамас, без разлика дали е потребно една недела или ако се потребни месеци“.

На 7 октомври, милитантите на Хамас го нападнаа Израел, убивајќи околу 1.200 луѓе, според Израел.

Хамас, означен како терористичка група од страна на САД и другите, исто така, зароби околу 240 заложници, од кои 129 остануваат во Газа.

Како одговор, Израел вети дека ќе го уништи Хамас и започна воздушен, копнен и морски напад врз Газа.

Израелската офанзива остави огромни делови од Газа во урнатини и уби речиси 21.000 Палестинци, според Министерството за здравство на Газа.

Борбите, исто така, го раселија најголемиот дел од 2,3 милиони жители на Газа, а многумина се обидуваат да најдат сигурност во преполните засолништа управувани од ОН во јужниот дел на Газа.

Израелската армија вчера соопшти дека 158 израелски војници биле убиени во Газа од почетокот на борбите во октомври.

Дел од информациите во текстот се од Асошиетед прес, агенцијата Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG