Линкови за пристапност

Прекин на огнот во Газа почнува в петок наутро, соопшти Катар


Помошта ќе почне да тече во Газа, израелските заложници ќе бидат ослободени во 16 часот и се очекува дека Палестинците ќе бидат ослободени од израелските затвори како дел од договорот, изјави катарското Министерство за надворешни работи
Помошта ќе почне да тече во Газа, израелските заложници ќе бидат ослободени во 16 часот и се очекува дека Палестинците ќе бидат ослободени од израелските затвори како дел од договорот, изјави катарското Министерство за надворешни работи

Израел и палестинската исламистичка група Хамас ќе започнат четиридневно примирје в петок наутро со првата група израелски заложници ослободени подоцна истиот ден, соопштија посредниците во Катар.

Договорот, прв во бруталната војна од речиси седум недели, ќе започне во 7 часот по локално време и ќе вклучува сеопфатен прекин на огнот во северниот и јужниот дел на Газа, изјави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи.

Помошта ќе почне да тече во Газа, израелските заложници ќе бидат ослободени во 16 часот и се очекува дека Палестинците ќе бидат ослободени од израелските затвори како дел од договорот, изјави портпаролот на министерството Мајед ал-Ансари за новинарите во Доха.

Хамас потврди на својот канал Телеграм дека сите непријателства од неговите сили ќе престанат.

Израел го доби првичниот список на заложници што треба да бидат ослободени од Газа, планирано да се случи по примирјето со Хамас в петок, соопшти денес кабинетот на израелскиот премиер.

Израел ја започна својата војна во Газа откако вооружени лица од Хамас ја пробија граничната ограда, убивајќи 1.200 луѓе и заробувајќи околу 240 заложници на 7 октомври, според израелските податоци.

Оттогаш, повеќе од 14.000 жители на Газа биле убиени од израелските бомбардирања, од кои околу 40% се деца, според здравствените власти на територијата под контрола на Хамас.

Израел рече дека примирјето би можело да трае повеќе од првите четири дена ако милитантите ослободуваат најмалку 10 заложници дневно.

Палестински извор рече дека вториот бран ослободувања би можел да доведе до ослободување на околу 100 заложници до крајот на ноември.

Двете страни рекоа дека ќе се вратат на борбите откако ќе заврши примирјето.

XS
SM
MD
LG