Линкови за пристапност

Групите поддржани од Иран продолжуваат со нападите врз позициите на САД


Вашингтон предупреди дека ќе има нови напади
Вашингтон предупреди дека ќе има нови напади

Паравојските во Сирија поддржани од Иран повторно ги напаѓаат САД и нивните сојузници, изведувајќи најмалку три напади врз американските позиции, по американското бомбардирање со цел да се наруши способноста на групите да претставуваат закана.

Американските воени претставници, за Гласот на Америка, изјавија дека најновиот напад се случил рано во понеделникот, кога една ракета била исфрлена врз американските и коалициските сили во базата за поддршка на мисијата Еуфрат во источна Сирија.

Официјалниот претставник рече дека нема повредени или материјална штета како резултат на нападот.

Но, претходниот напад, насочен кон Сириските демократски сили, поддржани од САД во неделата, ја погодија целта.

Вашингтон, исто така, предупреди дека доаѓаат нови напади.

Американскиот претседател Џо Бајден „ќе го направи она што мисли дека треба да се направи“, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан за Си-Ен-Ен во неделата, одбивајќи да ги исклучи нападите во самиот Иран.

„Ќе преземеме дополнителни дејствија - сите направени да ставиме крај на овие напади“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби, за новинарите по нападите во петокот.

Иранските власти ги осудија нападите на САД, нарекувајќи ги кршење на сирискиот и ирачкиот суверенитет.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, дополнително ги опиша нападите на САД како „сериозна стратешка грешка“.

Во оваа статија се користени информации од Асошиетед прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG