Линкови за пристапност

САД возвратија во Ирак откако тројца американски војници беа ранети во напад


Нападите на САД беа насочени кон три локации што ги користат Катаиб Хезболах и придружните групи, рече секретарот за одбрана Лојд Остин во соопштението
Нападите на САД беа насочени кон три локации што ги користат Катаиб Хезболах и придружните групи, рече секретарот за одбрана Лојд Остин во соопштението

Американските сили извршија напади денес насочени кон паравоените војски поддржани од Иран во Ирак како одговор на нападот со беспилотно летало во кој беа повредени тројца припадници на американската војска.

Нападите на САД беа насочени кон три локации што ги користат Катаиб Хезболах и придружните групи, рече секретарот за одбрана Лојд Остин во соопштението.

„Овие прецизни напади се одговор на серијата напади врз американскиот персонал во Ирак и Сирија од страна на милициите спонзорирани од Иран, вклучително и нападот на Катаиб Хезболах, поврзан со Иран и групите поврзани со Иран на воздухопловната база Ербил претходно денеска, и имаат намера да ја нарушат и деградираат способностите на директно одговорните милициски групи подредени на Иран“.

Портпаролот на Советот за национална безбедност Адриен Вотсон рече дека Катаиб Хезболах, како дел од група милитанти поддржани од Иран, ја презеде одговорноста за нападот во понеделникот и дека еден од припадниците на американската војска е критично повреден.

Ирачката влада се спротивстави на воздушните напади на САД, нарекувајќи ги „непријателски чин“ и кршење на суверенитетот на Ирак.

Американските и коалициските сили оперираа во регионот како дел од мисијата за спротивставување на групата Исламска држава во Ирак и Сирија.

Тие сили беа под постојани напади од посредници поддржани од Иран, со околу 100 напади откако Израел ја започна својата офанзива за елиминирање на милитантната група Хамас во појасот Газа.

Војската на САД соопшти дека ги попречила повеќето од тие напади или дека не ги исполниле целите и не предизвикале никаква штета.

Но, неколкумина, како во понеделникот, повредија американски воен персонал.

Претходните одмазднички напади беа насочени кон Катаиб Хезболах и други групи, вклучувајќи ги и американските напади во ноември.

Карла Баб придонесе за овој извештај

XS
SM
MD
LG