Линкови за пристапност

Ќе ги браниме нашите интереси, рече Блинкен


Државниот секретар на САД рече дека презеле значителна акција за да ги одвратaт групите да ги деградираат нивните способности во Ирак,  Сирија и Јемен
Државниот секретар на САД рече дека презеле значителна акција за да ги одвратaт групите да ги деградираат нивните способности во Ирак,  Сирија и Јемен

Ова е неверојатно нестабилно време на Блискиот Исток, изјави државниот секретар на САД Ентони Блинкен на прес-конференција со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, велејќи „многу, многу јасно ставивме до знаење уште од првиот ден, дека ќе го браниме нашиот народ, ќе го браниме нашиот персонал. Ќе ги браниме нашите интереси и токму тоа го направивме“.

Блинкен рече дека САД презеле значителна акција за да ги одвратaт групите да ги деградираат нивните способности во Ирак, Сирија и Јемен.

„Во исто време, претседателот беше многу јасен дека сакаме да спречиме поширока ескалација. Сакаме да спречиме ширење на овој конфликт“, рече Блинкен.

Воени претставници денес изјавија дека американските сили во Јордан не успеале да го спречат смртоносниот напад со беспилотно летало во Јордан во текот на викендот, бидејќи дронот се приближувал во исто време кога американски беспилотен авион се враќал во базата, што очигледно довело до конфузија дали дојдовниот неидентификуван дрон е од пријател или непријател.

Како резултат на тоа, официјалните лица рекоа дека немало напори да се собори непријателскиот дрон кој уби тројца војници, а рани уште 34.

Официјални лица, кои сакаа да останат анонимни, изјавија за Гласот на Америка дека нападот со беспилотно летало врз базата во североисточниот дел на Јордан, во близина на границите на Сирија и Ирак, е еден од четирите што во исто време ги лансираше Исламскиот отпор во Ирак. Исламската група, исто така, ја презеде одговорноста за нападот.

Другите напади со беспилотни летала не погодија цели на САД или беа соборени.

Еден американски претставник за одбрана рече дека САД допрва треба да најдат докази дека Иран го раководел нападот.

Описот на воените функционери за нападот дојде кога американскиот претседател Џо Бајден се сретна во Белата куќа со неговите највисоки претставници на националната безбедност за тоа како да реагираат.

Претходно, портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби изјави за Си-Ен-Ен дека САД планираат одговор на нападот.

Кирби рече дека Бајден „ќе одговори“, но нема непосредни индикации за опсегот или времето за американски напад.

Кирби рече дека, сепак, САД „не сакаат војна со Иран. Ние не бараме поширок конфликт на Блискиот Исток“.

Се верува дека смртните случаи во нападот во саботата вечерта се први од непријателски оган за време на речиси четиримесечната војна меѓу Израел и милитантите на Хамас во Газа, иако воените претставници велат дека американските војници биле нападнати 165 пати низ Блискиот Исток од октомври.

Дел од информациите во текстот се од Асошиетед прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG