Линкови за пристапност

Бајден рече дека одлучил како да одговори по нападот во Јордан


Мислам дека не ни треба поширока војна на Блискиот Исток. Тоа не е она што јас го барам, рече претседателот на САД
Мислам дека не ни треба поширока војна на Блискиот Исток. Тоа не е она што јас го барам, рече претседателот на САД

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека одлучил како неговата администрација ќе одговори по нападот со беспилотни летала на милитантите поддржани од Иран врз американска база во Јордан, во кој загинаа тројца американски војници и рани десетина други во текот на викендот.

„Да“, им рече Бајден на новинарите додека ја напушташе Белата куќа.

Нападот од неделата беше првиот што ги однесе животите на припадниците на американските воени сили на Блискиот Исток откако избувна израелската војна со Хамас во Газа на 7 октомври.

Исламски отпор поддржан од Техеран во Ирак ја презеде одговорноста за нападот на базата во близина на границата со Ирак и Сирија.

Запрашан дали овој следен одговор навистина ќе го одврати Иран, Бајден рече: „Ќе видиме“.

Бајден го истакна она што тој и неговите официјални лица постојано го кажаа, дека Вашингтон не бара повеќе конфликти.

„Мислам дека не ни треба поширока војна на Блискиот Исток. Тоа не е она што јас го барам“, рече тој.

Да се дојде до одговор кој ќе ги одврати понатамошните активности на Иран и неговите полномошници, истовремено избегнувајќи сеопфатна војна што би можела да излезе од контрола во регионот е тежок чин за балансирање.

Портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби рече дека водечки принцип е да се осигура дека САД ги деградираат способностите на групите да ги напаѓаат американските војници и објекти.

„Претседателот ќе го направи она што треба да го направи за да ги заштити нашите војници и нашите капацитети и да се грижи за нашата национална безбедност... интересите во регионот“, рече тој.

XS
SM
MD
LG