Линкови за пристапност

Ескобар се надева на продуктивни дискусии во Скопје, особено за ЕУ, вели Стејт департментот


Ескобар во Скопје се очекува да се сретне со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски
Ескобар во Скопје се очекува да се сретне со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар се надева на продуктивни и заеднички дискусии со владините лидери за време на неговата посета на Северна Македонија, изјавија од прес-службата на Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски, на барањето коментар за реакцијата на опозицијата пред посетата на Ескобар.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека „тоа што сега власта се обидува посетата на на Ескобар да ја претстави, условно кажано, како дипломатски булдожер којшто тука е повикан од Владата за да врши тортура и притисок, е веќе слабост на овие криминалци во Владата. Тортура и притисок во 21-от век веќе никој не врши, а и да вршат тогаш одбрале погрешни соговорници“.

„Ескобар патува во Северна Македонија за да разговара за билатерални и регионални прашања и да продолжи да го зајакнува нашето партнерство со ценет НАТО сојузник. Тој се надева на продуктивни и заеднички дискусии со владините лидери за време на неговата посета, особено поврзани со идната интеграција во ЕУ и долгорочниот просперитет на Западен Балкан“, се вели во изјавата на портпарол на Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски.

Ескобар во Скопје се очекува да се сретне со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, а предвиден е и состанок со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски, исто така, рече дека посетата на Ескобар ја оценува како и секоја друга посета.

„Изминатиот период имавме многу посети од високи странски претставници. Ќе ги слушнеме аргументите од таа страна, ќе ги кажеме нашите аргументи, отприлика содржината на тој состанок се наѕира, ја знаеме што е, така што секој добронамерен соговорник е добредојден, секој оној кој сака да ги слушне аргументите на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и на народот е добредојден“, рече тој.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ изјави дека е загрижен за ваквите изјави од опозицијата и вели дека стравува оти ВМРО-ДПМНЕ воопшто не сака да гласа за уставни измени, ниту сега, ниту по изборите.

Ескобар доаѓа по почетокот на пленарната собраниска процедура за уставните измени и внесување и на Бугарите во Уставот. Гласањето беше одложено до обезбедување двотретинско мнозинство.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG