Американскиот амбасадор во Софија работи да ги адресира проблемите со прекршување на човековите права, рече на денешната дебата во Претставничкиот дом Габриел Ескобар, претставник на Стејт дрпартментот за Западен Балкан, одговарајќи на парашање за правата на македонското малцинство во Бугарија.
Конгресменката Клаудија Тени, копретседавачка со конгресната група за пријателство со Македонија и македонско-американската заедница, истакна дека постојат 16 пресуди од страна на Европскиот суд за човекови права во однос на нарушување на правото на собир на македонското малцинство во Бугарија.
Таа побара од Ескобар да одговори што прави администрацијата на САД да осигура дека Бугарија, како НАТО членка, ги исполнува нејзините обврски во однос на заштита на човековите права.
„Основата на нашето партнерство со европските партнери се вредностите, не само заедничкиот интерес туку и заедничките вредности, и се` што ја нарушува таа врска е од голема загриженост за нас“, рече Ескобар.
Тој, исто така, изјави дека најсилната порака што Европската Унија може да ја прати сега е да закаже датум за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија пред крајот на оваа година.
Потенцираше дека двете држави ја завршиле тешката работа што била потребна, и оти одложувањето на пристапниот процес поттикнува сомнеж во европската иднина на регионот.
Facebook Forum