Линкови за пристапност

Блинкен разговарал со бугарската министерка за надворешни работи за проширувањето на ЕУ во регионот


Секретарот и министерката за надворешни работи се осврнаа на важноста на проширувањето на ЕУ за да се обезбеди стабилност и просперитет во регионот, соопшти портпаролот на Стејт департментот Метју Милер
Секретарот и министерката за надворешни работи се осврнаа на важноста на проширувањето на ЕУ за да се обезбеди стабилност и просперитет во регионот, соопшти портпаролот на Стејт департментот Метју Милер

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен денеска разговарал со бугарската министерка за надворешни работи Марија Габриел, меѓудругото, и за проширувањето на Европската Унија во регионот.

„Секретарот и министерката за надворешни работи, исто така, се осврнаа на важноста на проширувањето на ЕУ за да се обезбеди стабилност и просперитет во регионот“, соопшти портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Во изјавата се вели и дека „Секретарот Блинкен и министерката за надворешни работи Габриел разговараа за потребата од континуирана безбедносна помош за Украина од сојузниците и партнерите и тековните напори за диверзификација на изворите на енергија кон почисти, посигурни набавки и технологии“.

Стејт департментот, во изјава за Гласот на Америка на македонски вчера, ги охрабри владите на Северна Македонија и Бугарија „да продолжат со нивниот билатерален дијалог за решавање на разликите, исполнување на претходните договори и поддршка на брзиот пристап на Северна Македонија“.

Во изјавата за Гласот на Америка се вели дека САД силно ја поддржуваат целосната интеграција на Северна Македонија во Европската Унија.

„Европска Унија што го вклучува целиот Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија, ќе биде посилна и попросперитетна“.

Специјалниот претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар, на дебата за регионот во Конгресот минатиот месец, рече дека САД се ангажирани со новата бугарска влада да се осигураат дека нема да има нови барања откако државата ќе ги исполни обврските од постоечките договори.

Бугарскиот претседател Румен Радев, пак, рече дека вклучувањето на Бугарите во Уставот е само „прелиминарен услов за почеток на преговорите за членство“, и оти не ги исцрпува условите што треба да ги исполни Северна Македонија.

XS
SM
MD
LG