Линкови за пристапност

Едно од девет возрасни лица во САД пуши цигари, велат Центрите за контрола и превенција на болести


Стапката на пушење цигари во САД падна на најниско ниво на сите времиња
Стапката на пушење цигари во САД падна на најниско ниво на сите времиња

Пушењето цигари во САД минатата година паднало на уште еден историски минимум, при што едно од девет возрасни лица изјавиле дека се моментални пушачи, според податоците на Центрите за контрола и превенција на болести.

Во меѓувреме, употребата на електронски цигари се зголемила на околу еден од 17 возрасни лица.

Прелиминарните наоди од Центрите за контрола и превенција на болести се засноваат на одговорите на анкетата од повеќе од 27.000 возрасни лица.

Пушењето цигари е фактор на ризик за рак на белите дробови, срцеви заболувања и мозочен удар, и долго време се смета за водечка причина за смрт што може да се спречи.

Во средината на 1960-тите, 42 осто од возрасните во САД биле пушачи. Стапката постепено опаѓа со децении, поради даноците на цигарите, покачувањето на цените на тутунските производи, забраната за пушење и промените во општествената прифатливост на пушење на јавно место.

Минатата година, процентот на возрасни пушачи се намалил на околу 11 отсто од околу 12,5 проценти во 2020 и 2021 година. Наодите од истражувањето понекогаш се ревидираат по дополнителна анализа, а Центрите за контрола и превенција се очекува наскоро да ги објават конечните податоци за 2021 година.

Употребата на електронски цигари се зголемила на речиси 6 проценти минатата година, од околу 4,5 отсто претходната година, според податоците од истражувањето.

Зависноста од никотин има здравствени импликации, вклучително и ризик од висок крвен притисок и стеснување на артериите, според Американското здружение за срце.

„Мислам дека пушењето ќе продолжи да се намалува, но дали преваленцата на зависноста од никотин ќе се намали, со оглед на порастот на електронските производи, не е јасно“, рече доктор Џонатан Самет, декан на Факултетот за јавно здравје во Колорадо.

Стапките на пушење се речиси обратни кај тинејџерите. Само околу два отсто од средношколците пушеле традиционални цигари минатата година, но околу 14 проценти користеле е-цигари, според други податоци на Центрите за контрола и превенција на болести.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG