ВАШИНГТОН —
Најнови истражувања покажуваат дека еден од четири средношколоци во САД, како и еден од десет ученици во основно училиште, користеле електронски цигари изминативе 30 дена, особено оние со вкус на ментол.
Годишново истражување на Администрацијата за храна и лекови на САД, открива дека сега има 5.3 милиони млади Американци кои редовно користат електронски цигари, во споредба со лани, кога имало 3.6 милиони.
Истражувањата уследија откако федералната Влада размислува за забарана на сите електронски цигари кои се произведуваат со различни вкусови, освен тутун.
Facebook Forum