Линкови за пристапност

Опаѓа бројот на мажи кои пушат цигари, соопшти СЗО


Според информациите на СЗО, 60 милиони од 1.4 милијарди пушачи се откажале од оваа навика

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека бројат на мажи во светот кои пушат цигари се намалува.

СЗО вели дека ваквата ситуација е резултат на мерките кои се воведени со цел да се стави крај на епидемијата на употреба на тобако.

Официјални лица на СЗО повикаа на голема промена во борбата против пушењето, што секоја година убива повеќе од осум милиони лица.

Информациите од 143 држави покажуваат пад на употребата на цигари, првпат кај машката популација, односно 60 милиони од 1.4 милијарда пушачи се откажале од оваа навика.

Според прогнозите на СЗО, до 2020 година ќе има помалку барем два милиони корисници на тобако, односно пет милиони до 2025 што, пак, ќе значи дека помалку луѓе ќе страдаат од болка, како и помалку случаи на смрт.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG