Линкови за пристапност

САД ќе ги забранат цигарите со вкус на ментол


Овие цигари се причина за повисока смртна стапка меѓу Афроамериканците

Администрацијата за храна и лекови на САД најави дека ќе ги забрани цигарите со вкус на ментол и пурите.

Овој потег уследи по години притисок од активистите, кои велат дека тутунските производи, кои во голема мера се користат меѓу Афроамериканците, се причина за повисока смртна стапка во оваа заедница од болести како последица од пушењето.

Според Центрите за контрола и превенција на болести на САД, компаниите имаат агресивна кампања за промоција на цигарите со вкус на ментол во афроамериканската заедница.

Повеќе од 85 отсто од Афроамериканците кои пушат користат цигари на база на ментол, во споредба со 46 отсто од Латиноамериканците, и 29 проценти од белците, соопшти Администрацијата за храна и лекови.

Конгресот забрани цигари со вкус во 2009 година, но, законот не го опфати ментолот. Наместо тоа, ѝ укажа на Владата да го проучи ефектот нa ментолот врз јавното здравје.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG