Линкови за пристапност

ФДА ја одобри првата електронска цигара во САД


Одлуката е дел од последните напори на ФДА да понуди научна анализа за индустрија со електронски цигари од милијарди долари.

Здравствени власти ги авторизира првите електронски цигари во САД, соопштувајќи дека од е-цигарите од Р.Ј. Рејнолдс, пушачите може да имаат корист.

Администрацијата за храна и лекови изјави дека податоците што ги пријавила компанијата сугерираат дека пушачите или се откажале или значително го намалиле пушењето со користење на нивниот продукт, што е водечки фактор за смрт во САД, а може да се спречи.

Одлуката е дел од последните напори на ФДА да понуди научна анализа за индустрија со електронски цигари од милијарди долари.

Во септември, агенцијата ги отфрли апликации за повеќе од милион електронски цигари и придружни продукти, најмногу поради рекламирањето кон лицата под тинејџерска возраст.

Но, регулаторите ја одложија одлуката за поголемите компании за производство за е-цигари, вклучувајќи го и лидерот на пазарот Јуул.

Електронските цигари се појавија на пазарот во САД пред една деценија со ветување дека ќе обезбедат помалку штетна алтернатива за пушачите на цигари. Електронската направа го загрева никотинот, кој потоа се внесува со вдишување.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG