Линкови за пристапност

Бајден и Мекарти пак не се договорија за лимитот на долгот


Тие рекоа дека ќе продолжат да разговараат само 10 дена пред истекот на рокот што може да биде катастрофално за американската економија
Тие рекоа дека ќе продолжат да разговараат само 10 дена пред истекот на рокот што може да биде катастрофално за американската економија

Претседателот на САД Џо Бајден и спикерот на Претставничкиот дом Кевин Мекарти денес ги завршија дискусиите без договор за тоа како да се крене лимитот на задолжување на американската влада од 31,4 трилиони долари.

Тие рекоа дека ќе продолжат да разговараат само 10 дена пред истекот на рокот што може да биде катастрофално за американската економија.

Демократскиот претседател и највисокиот конгресен републиканец се мачеа да постигнат напредок во договорот, бидејќи Мекарти ја притиска Белата куќа да се согласи со намалување на трошоците во федералниот буџет што Бајден го смета за „екстремен“, а претседателот турка нови даноци за богатите што републиканците ги отфрлија.

„Почувствував дека имавме продуктивна дискусија. Сè уште немаме договор“, им рече Мекарти на новинарите по еден час разговори со Бајден во Овалната канцеларија.

Тој рече дека нивните тимови ќе продолжат со разговорите и додаде: „Верувам дека сè уште можеме да стигнеме таму“.

Имаат само 10 дена да постигнат договор - до први јуни за да го зголемат лимитот за задолжување на владата или да предизвикаат невидено неисполнување на долгот за кој економистите предупредуваат дека може да доведе до рецесија.

Бајден пред почетокот на состанокот рече дека е „оптимист“ оти би можеле да постигнат одреден напредок.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG