Линкови за пристапност

САД: Продолжуваат разговорите за долгот; исходот неизвесен



Мекарти, републиканскиот спикер, им рече на новинарите дека е „стравува“ поради недостиг на напредок во битните разговори.
Мекарти, републиканскиот спикер, им рече на новинарите дека е „стравува“ поради недостиг на напредок во битните разговори.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе ги продолжи разговорите со конгресните лидери во Белата куќа во вторник, бидејќи застојот околу лимитот на долгот ја турка нацијата поблиску до нејзиниот законски лимит за задолжување без договор на повидок.

Состанокот првично требаше да биде петок, но беше одложен за да може да продолжат разговорите на ниво на персонал пред Бајден и четворицата конгресни лидери да се соберат по втор пат.

Бајден им рече на новинарите во Пенсилванија во понеделникот навечер дека состанокот е закажан за вторник, но не елаборираше за изгледите за договор.

Претседателот рече дека навистина мисли дека постои желба кај републиканците, како и кај демократите да постигнат договор и дека тие ќе можат да го направат тоа.

Бајден треба да замине на Самитот на Групата 7 во Јапонија в среда. Спикерот на Претставничкиот дом, Кевин Мекарти, во понеделникот рече дека „ништо не се поместува“, во врска со разговорите за плафонот на долгот пред средбата со Бајден и другите конгресни лидери, додека земјата се приближува до кризата поради потребата да се зголеми нејзиниот законски лимит за задолжување.

Мекарти, републиканскиот спикер, им рече на новинарите дека е „стравува“ поради недостиг на напредок во битните разговори.

Државниот долг сега изнесува 31,4 трилиони долари.

Зголемувањето на лимитот на долгот нема да одобри нови федерални трошоци. Тоа само ќе овозможи задолжување за да се плати она, што Конгресот веќе го одобри.

Одделот за финансии соопшти дека владата би можела да ја исцрпи можноста за плаќање на сметките уште на 1 јуни.

XS
SM
MD
LG