Линкови за пристапност

Азербејџан и етничките Ерменци преговараат по прекинот на огнот во Нагорно-Карабах


Советот за безбедност на ОН денес треба да одржи свои разговори за ситуацијата
Советот за безбедност на ОН денес треба да одржи свои разговори за ситуацијата

Претставниците на етничките Ерменци во Нагорно-Карабах се состанаа денес со владата на Азербејџан за да разговараат за иднината на отцепениот регион.

Разговорите доаѓаат еден ден откако локалните борци во Нагорно-Карабах се согласија да го положат оружјето за да ја прекинат офанзивата на азербејџанските сили.

Советот за безбедност на ОН денес треба да одржи свои разговори за ситуацијата.

Престрелки беа пријавени денес во главниот град во Нагорно-Карабах. Етничките Ерменци го обвинија Азербејџан за кршење на примирјето, што Министерството за одбрана на Азербејџан го негираше.

Русија, која има мировници во регионот, денес соопшти дека евакуирала 5.000 цивили од областа. Илјадници демонстранти се собраа во средата во Ереван, главниот град на Ерменија, за да ја повикаат владата да ги заштити Ерменците во Нагорно-Карабах и премиерот да поднесе оставка.

Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев го искористи телевизиското обраќање вчера за да ја потврди победата, велејќи дека Азербејџан го вратил суверенитетот на регионот.

Азербејџан соопшти дека ја започнал својата операција во вторникот како одговор на експлозиите на нагазни мини во кои загинаа четворица војници и двајца цивили во регионот.

Регионот Нагорно-Карабах е целосно во рамките на Азербејџан, но е населен главно со етнички Ерменци и беше под контрола на етнички Ерменци од 1994 година.

Делови од него беа вратени од Азербејџан по војната во 2020 година.

Дел од информациите се од Асошиетед прес, Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG