Линкови за пристапност

Австралија ги повика САД да престанат да го гонат Асанж


Премиерот на Австралија Ентони Албениз рече дека е фрустриран што дипломатското решение за случајот на Асанж не е постигнато
Премиерот на Австралија Ентони Албениз рече дека е фрустриран што дипломатското решение за случајот на Асанж не е постигнато

Австралискиот премиер Ентони Албениз изјави денес дека е фрустриран што основачот на Викиликс Џулијан Асанж останува во британски затвор кој се бори против екстрадиција во САД.

Зборувајќи за австралиската радиодифузна корпорација во Лондон денес, австралискиот премиер изјави дека што е доста е доста за продолжувањето на затворањето на Џулијан Асанж.

Тој рече дека прашањето може да се реши пред посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Австралија подоцна овој месец на Самитот на четири лидери во 2023 година со индискиот премиер Нарендра Моди и јапонскиот лидер Кишида Фумио.

Говорејќи во Лондон, каде е за крунисување на британскиот крал Чарлс Трети, Албениз рече дека е фрустриран што дипломатското решение за случајот на Асанж не е постигнато.

Новинарот и издавач со австралиско потекло е баран од властите на САД поради воени досиеја и дипломатски телеграми објавени во 2010 и 2011 година, за кои САД велат дека го прекршиле законот и загрозувале животи.

Асанж се бори против екстрадиција од Британија и се наоѓа во затвор со високо обезбедување во Лондон.

Тој е коосновач на Викиликс, веб-страница, која објавува чувствителни и доверливи информации обезбедени од анонимни извори.

САД го сомничат Асанж врз основа на 18 точки, вклучително и обвинение за шпионажа.

Неговите адвокати рекоа дека му се заканува затворска казна до 175 години. Сепак, американските власти соопштија дека казната е поверојатно дека ќе биде меѓу четири и шест години.

Сопругата на Асанж, Стела, претходно инсистираше на тоа дека нејзиниот сопруг е невин и дека „не извршил никаков криминал“.

Медиумите ги повикуваат САД да го прекинат гонењето на Џулијан Асанж. Амбасадата на САД во Канбера не одговори на барањето коментар за изјавите на Албениз.

XS
SM
MD
LG