Британски официјали лица потврдија дека САД поднеле формално барање за екстрадиција на Џулијан Асанџ, кој беше уапсен во Лондон од полицијата. Секретарот за домашна безбедност Саид Џавид се огласи преку Твитер: По речиси седум години, престојување во амбасадата на Еквадор, денес тој е во притвор и ќе се соочи со правдата во Британија. Никој не е над законот.
47-годишниот Асанж живееше во еквадорската амбасада во Лондон од 2012-та за да избегне екстрадиција во Шведска поради обвиненија за сексуален напад, но во последно време стана непосакуван гостин во дипломатското претставништво на Еквадор.
Минатиот месец му беше исклучен интернетот и му беше забрането да прима гости.
Американските законодавци го поздравија апсењето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж во Велика Британија и побараа брза екстрадиција со цел тој да се соочи со обвиненија во САД.
„Време беше“ изјави за Гласот на Америка републиканскиот сенатор од Тексас Џон Корнин. „Мило ми е што тој конечно ќе биде изведен пред лицето на правдата“.
„Му благодариме на Господа.“ изјави демократскиот сенатор од Западна Вирџинија, Џо Манчин додавачи дека: „Ова беше навистина потребно. Многу сум им благодарен на нашите пријатели во Велика Британија.“
Асанж беше притворен откако Еквадор не го продолжи азилот во амбасадата во Лондон. Во САД, тој е обвинет за учество во заговор за компјутерски хакерски напад кое довело до тоа Викиликс да дојде до голем број тајни документи.
Facebook Forum