Линкови за пристапност

Британија одби екстрадиција на Асанж во САД


Судијката рече дека тој најверојатно би извршил самоубиство ако биде екстрадиран

Британската судијка Ванеса Бареитсер ја блокираше екстрадицијата на основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж во САД, каде со соочува со обвиненија, вклучувајќи и за шпионажа.

Таа рече дека Асанж веројатно ќе изврши самоубиство ако биде испратен во САД.

Адвокатите на Владата на САД рекоа дека ќе ја обжалат одлуката.

САД побараа екстрадиција на Асанж по основ на 17 обвиненија за шпионажа, и едно за објавување на илјадници доверливи документи во 2010 и 2011 година, главно поврзани со војните во Авганистан и Ирак.

Тој се соочува со затворска казна од 175 години.

Поддржувачите на Асанж се собраа да ја прослават одлуката како победа на човековите права и слободата на изразување.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG