Линкови за пристапност

Британија одобри екстрадиција на Асанж во САД


Викиликс соопшти дека ќе поднесе жалба
Викиликс соопшти дека ќе поднесе жалба

Британската влада одобри екстрадиција на основачот на Викиликс Џулијан Асанж во САД, каде се соочува со обвиненија за шпионажа, објави Асошиетед прес.

Викиликс соопшти дека ќе поднесе жалба.

Британската влада денес соопшти дека министерката за внатрешни работи Прити Пател го потпишала налогот за екстрадиција. Ова следува по одлуката на Британскиот суд дека тој може да биде испратен во САД.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека „судовите во Обединетото Кралство не утврдиле дека тоа би било угнетувачко, неправедно или злоупотреба на процес за екстрадиција на г-дин Асанж.“

Одлуката е голем момент во повеќегодишната битка на Асанж за да се избегне испраќање во САД, иако не мора да биде крајот на приказната.

Асанж има 14 дена за жалба.

XS
SM
MD
LG