Линкови за пристапност

Администрацијата на Бајден објави 4,3 милијарди долари грантови за клима


Грантовите, кои ќе бидат дистрибуирани до победниците до почетокот на есента, ќе поддржат примена на технологија за чиста енергија низ секторите, од домување до земјоделство
Грантовите, кои ќе бидат дистрибуирани до победниците до почетокот на есента, ќе поддржат примена на технологија за чиста енергија низ секторите, од домување до земјоделство

Администрацијата на претседателот Џо Бајден денес објави 25 проекти поднесени од 30 различни државни, локални и од влади на домородни заедници кои аплицираа за грантови од 4,3 милијарди долари, согласно законот за климата на претседателот.

Грантовите, кои ќе бидат дистрибуирани до победниците до почетокот на есента, ќе поддржат примена на технологија за чиста енергија низ секторите, од домување до земјоделство.

Американската агенција за заштита на животната средина соопшти дека разгледала речиси 300 апликации за кои биле барани над 30 милијарди долари.

Администрацијата рече дека избраните проекти кога ќе се комбинираат ќе го намалат загадувањето со стакленички гасови за дури 150 милиони метрички тони еквивалент на јаглерод диоксид до 2030 година, или приближно 2 процентни поени.

САД ветија дека ќе ги намалат емисиите на јаглерод диоксид за 50%-52% до таа година.

Со оглед на тоа што доаѓаат изборите годинава и се засилува кампањата, Агенцијата за заштита на животната средина и другите федерални агенции се обидуваат да распределат грантови предвидени со Законот за намалување на инфлацијата од 2022 година.

Поранешниот претседател Доналд Трамп и републиканските законодавци очекуваа укинување на неколку програми за грантови и заеми.

„Овие грантови ќе им помогнат на државните и локалните власти да го подобрат квалитетот на воздухот и здравјето на нивните заедници, истовремено забрзувајќи го напредокот на Америка кон нашите климатски цели“, рече Џон Подеста, виш советник на претседателот Џо Бајден за меѓународна климатска политика.

XS
SM
MD
LG