Со сојузниците на НАТО во Вашингтон минатата недела на самитот на кој се одбележа 75-годишнината од Трансатлантската алијанса. Украинскиот претседател Володимир Зеленски се врати на Капитол Хил потсетувајќи ги американските законодавци на важноста на поддршката за Украина.
„Се надевам дека ако Американците гласаат за претседателот Трамп, неговата политика кон Украина нема да се промени”, рече Зеленски.
Претпоставениот републикански кандидат Доналд Трамп минатата недела го повтори своето тврдење дека земјите-членки на НАТО не го плаќаат својот фер дел.
„Плаќавме речиси целосно за НАТО. И реков, тоа е неправедно, но не сакав да правам голема збрка”, истакна Трамп.
Но, клучниот сојузник на Трамп во Капитол Хил, претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон рече дека поддршката за Украина е клучна за САД во големото надворешно-политичко обраќање минатата недела.
„Во Европа, Путин јасно стави до знаење дека неговите планови не запираат со Украина. Тој се споредува себеси со царот Петар Велики и можете да го прочитате неговиот есеј за обновувањето на руската империја, империја која би ги вклучила нашите воени партнери во Вилнус, Хелсинки и Варшава”, смета Џонсон.
Во обраќањето беа наведени приоритетите на надворешната политика на Републиканците, додека гласачите одлучуваат кој ќе ги контролира двата дома на Конгресот на САД во следните две години. Џонсон рече дека втора администрација на Бајден ќе биде опасност на глобално ниво.
„Тој овласти надворешно-политички естаблишмент кој е недопирлив, кој има агенда многу поинаква од онаа што ни е потребна во моментов. Нивната агенда е за, уште еднаш, смирување, извинување и помирување”, додаде Џонсон.
Многу поинаква порака од онаа што ја пренесе американскиот претседател Џо Бајден на самитот.
„Можеме и ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО и тоа ќе го направиме заедно”, нагласи Бајден.
Претходно оваа година, Конгресот на САД одобри 60 милијарди долари помош за Украина и покрај противењата на многу конзервативни законодавци.
Facebook Forum