Линкови за пристапност

Хрватскиот премиер во Скопје донесе порака дека уставни измени се неопходни за патот кон ЕУ


Пленковиќ: Контекстот во Европа е таков и сега е моментот за Северна Македонија, пред се шттејќи ги своите интереси и идентитет, да се вклучи кон зајакнувањето на динамиката на проширувањето.
Пленковиќ: Контекстот во Европа е таков и сега е моментот за Северна Македонија, пред се шттејќи ги своите интереси и идентитет, да се вклучи кон зајакнувањето на динамиката на проширувањето.

Хрватскиот премиер беше јасен дека уставни измени се неопходни, но директно не одговори на прашањето дали тоа треба да биде според, како што опозицијата го нарекува, хрватскиот модел.

Пленковиќ за хрватскиот модел на Устав
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:48 0:00

Андреј Пленковиќ денеска во Скопје, како и австрискиот претседател и шефицата на германската дипломатија, пред државно-владиниот врв, но и пред пратениците од мнозинството и од опозицијата, се обиде да ја даде пошироката слика во ЕУ во однос на проширувањето во дадената ситуација на руска агресија врз Украина. Според него, ова е моментот, кој Македонија не смее да го испушти.

Одлуките кои ги донесовте не беа воопшто едноставни, ниту лесни и секогаш излегуваше дека има некој нов услов. Контекстот во Европа е таков и сега е моментот за Северна Македонија
Пленковиќ, премиер на Хрватска

„Она што со сигурност го мислам е дека би било добро да се постигне консензус зад кој ќе можат да застанат сите пред се народот и неговите политички претставници и кој, според мое длабоко уверување, ќе ги намали фрустрациите и ќе ги елиминира неправдите што и се случуваа на Северна Македонија во изминатите години. Ако некој ве разбира, тогаш, тоа сме ние. Одлуките кои ги донесовте не беа воопшто едноставни, ниту лесни и секогаш излегуваше дека има некој нов услов. Контекстот во Европа е таков и сега е моментот за Северна Македонија, пред се шттејќи ги своите интереси и идентитет, да се вклучи кон зајакнувањето на динамиката на проширувањето. Тој, момент е сега и тој треба да се искористи“, вели Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска.

Слична порака, без да сугерира кој модел треба да се избере, Пленковиќ изнесе и во говорот во парламентот кој го проследија и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, сестринска партија на неговата ХДЗ. Токму опозицијата е таа која турка, ако веќе има уставни измени, тие да бидат по теркот на хрватскиот устав. Премиерот Ковачевски вели дека не навива за некое конкретно решение, освен дека е за уставни измени кои ќе овозможат напредување во наредната фаза од преговорите.

Јас сум за тоа да ги донесеме уставните измени, да ги почнеме преговорите по кластери и до 2030 да станеме земја членка на ЕУ.
Ковачевски, премиер на Северна Македонија

„Вие кажавте за хрватски, излезе друга политичка партија кажа за швајцарски модел, трета излезе за белгиски модел да зборува и затоа треба да се седне на експертско ниво и да се изработи предлог којшто одговара на македонското општество и којшто одговара на нашите закони и на она што ние го очекуваме од нашата иднина како идна земја членка на Европската унија. Јас не кажав ниту дека сум за нешто за, ниту дали сум за нешто против. Јас сум за тоа да ги донесеме уставните измени, да ги почнеме преговорите по кластери и до 2030 да станеме земја членка на ЕУ.“, истакна Димитар Ковачевски, премиер на Северна Македонија.

Последната позиција на ВМРО-ДПМНЕ е дека ќе поддржи измени на Уставот само ако се по урнек на Хрватска. Во преамбулата на хрватскиот устав пишува дека „Република Хрватска е национална држава на хрватскиот народ и држава на припадници на национални малцинства...“ при што се наведуваат дури 22 малцинства. Но, на вакво потенцијално решение, кое е различно од сегашното во македонскиот устав, се спротивставија дел од партиите на Албанците тврдејќи дека е неприменливо во земјава имајќи го во предвид етничкиот состав и бројноста на албанската заедница.

Наспроти политичките несогласувања, министерството за правда веќе прати покани до политичките партии, до кабинетот на претседателот, МНР и СЕП, најдоцна до идниот понеделник да номинираат свои претставници во работната група која ќе го изготвува текстот на уставните амандмани. И со и без претставници на ВМРО-ДПМНЕ, извесно е дека работната група ќе се формира.

Но, исто така извесно е дека без опозицијата, уставни измени не можат да поминат во парламентот.

XS
SM
MD
LG