Линкови за пристапност

Нема поголема глупост од границите на Балканот, рече Ковачевски во Белград


Ана Брнабиќ ја повтори поддршката за Скопје во процесот на евроинтеграциите
Ана Брнабиќ ја повтори поддршката за Скопје во процесот на евроинтеграциите

„Отворен Балкан“, економската соработка, трговската размена, енергетската стабилност на регионот, потенцијалните ризици за Западен Балкан – ова беа темите за кои денеска во Белград разговараа српските власти и македонската делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски.

„Нема поголема глупост од границите на Балканот. Ние сме биле држави кои меѓу себе единствени немале граници, а сега сме единствени кои меѓу себе имаат граници“, изјави Ковачевски на прес-конференцијата со српската премиерка, зборувајќи за соработката во рамките на „Отворен Балкан“.

Ана Брнабиќ ја повтори поддршката на Белград за Скопје во процесот на евроинтеграции.

Очекуваме интегрирањето во ЕУ да се движи забрзано, рече Брнабиќ
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:32 0:00

„Разговаравме за меѓусебните односи и интеграции. Србија го поддржува поцесот на евроинтеграции на Северна Македонија. При нашите разговори со Брисел зборуваме за тоа што во интерес на Србија, но и за тоа што е во интерес на Северна Македонија и на Албанија. Очекуваме интегрирањето да се движи забрзано што е добро во интерес на регионот. Она што е во интерес на регионот е добро и за Србија“, вели Брнабиќ.

Ковачевски рече дека „Северна Македонија покажа дека не отстапува од стремежите да ги оствари своите стратешки цели како во одржување на добрососедските односи, така и во посветеноста на зачленувањето на земјата во ЕУ. Северна Македонија и Србија припаѓаат на демократскиот и слободен дел од Европа. И како што ние, земјите од Западен Балкан имаме интерес да бидеме членки на ЕУ, така и ЕУ има интерес на Балканот да нема регионални конфликти, да има стабилност, да има економски стабилни држави кои ќе се развиваат и ќе се усовршуваат, на демократски, административен, политички и безбедносен план.“

XS
SM
MD
LG