Линкови за пристапност

Републиканците му испратија писмо на Фаучи како дел од истрагата за потеклото на ковид


Фаучи во ноември посочи дека „ќе соработува целосно и ќе сведочи“ доколку републиканците ги следат нивните планови да го истражат потеклото на ковид
Фаучи во ноември посочи дека „ќе соработува целосно и ќе сведочи“ доколку републиканците ги следат нивните планови да го истражат потеклото на ковид

Републиканците во Претставничкиот дом започнаа истрага за потеклото на ковид-19 со издавање серија писма до сегашните и поранешните службеници на администрацијата на Бајден за документи и сведочење.

Републиканските претседавачи со Надзорниот комитет на Претставничкиот дом и поткомитетот за пандемијата на коронавирус побараа информации од неколку луѓе, вклучително и доктор Ентони Фаучи, околу хипотезата дека коронавирусот случајно протекол че од кинеска лабораторија.

„Оваа истрага мора да започне со тоа каде и како настанал овој вирус за да можеме да се обидеме да предвидиме, подготвиме или спречиме да се случи повторно“, рече Бред Венструп, претседавач со поткомитетот за вируси.

Џејмс Комер, претседавач со Комитетот за надзор, додаде дека републиканците „ќе ги следат фактите“ и „ќе ги повикаат на одговорност претставниците на американската влада кои учествувале во каков било вид прикривање“.

Писмата до Фаучи, директорот на националното разузнавање Аврил Хејнс и други, се најновите напори на новото републиканско мнозинство да ги исполни ветувањата дадени за време на конгресната кампања во 2022 година.

Републиканците го обвинија Фаучи дека го лаже Конгресот кога во мај негираше дека Националниот институт за здравство го финансирал истражувањето за практика за зајакнување на вирус во лабораторија за проучување на неговото потенцијално влијание во реалниот свет во лабораторија во Вухан.

Републиканскиот сенатор Тед Круз дури го повика државниот обвинител Мерик Гарланд да назначи специјален обвинител кој ќе ги истражи изјавите на Фаучи.

Фаучи, кој служеше како врвен експерт за заразни болести во земјата и под републикански и демократски претседатели, ги нарече критиките на републиканците глупости.

Сепак, Фаучи во ноември посочи дека „ќе соработува целосно и ќе сведочи“ доколку републиканците ги следат нивните планови да го истражат потеклото на ковид.

„Немам проблем да сведочам - можеме да браниме и објасниме сè што кажавме“, им рече тој на новинарите за време на брифингот во Белата куќа минатата година.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG