Линкови за пристапност

САД размислуваат да воведат нови ковид мерки за патниците од Кина


Овој потег доаѓа откако Јапонија, Индија и Малезија објавија засилени правила за патниците од Кина во последните 24 часа, наведувајќи го порастот на инфекции таму
Овој потег доаѓа откако Јапонија, Индија и Малезија објавија засилени правила за патниците од Кина во последните 24 часа, наведувајќи го порастот на инфекции таму

Владата на САД може да воведе нови мерки против ковид-19 за патниците од Кина поради загриженоста за „недостиг на транспарентни податоци“ кои доаѓаат од Пекинг, изјавија американските власти.

Овој потег доаѓа откако Јапонија, Индија и Малезија објавија засилени правила за патниците од Кина во последните 24 часа, наведувајќи го порастот на инфекции таму.

Јапонија соопшти дека ќе бара негативен тест за ковид-19 по пристигнувањето за патниците од Кина. Малезија воведе дополнителни мерки за следење и надзор.

„Постои зголемена загриженост во меѓународната заедница за тековните бранови на ковид-19 во Кина и недостигот на транспарентни податоци, вклучително и податоци за вирусната геномска секвенца, пријавени од НР Кина“, рекоа официјалните лица.

Некои болници и погребални домови во Кина се преоптоварени бидејќи вирусот во голема мера се шири неконтролирано низ земјата со 1,4 милијарди луѓе.

Официјалната статистика, сепак, покажа само еден смртен случај од ковид за седум дена, заклучно со понеделник, што поттикна сомнеж кај здравствените експерти и жителите за податоците на владата.

Бројките се неконзистентни со искуството на многу помалку населените земји по нивното укинување на мерките.

Кина во понеделникот соопшти дека ќе престане да бара влезните патници да одат во карантин почнувајќи од 8 јануари, како голем чекор кон олеснување на ограничувањата на нејзините граници, кои во голема мера се затворени од 2020 година.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG