Линкови за пристапност

ЕУ постигна договор за 15 отсто намалување на зависноста од руските испораки на гас


Договорот вклучува доброволни намалувања меѓу август и март и ќе им овозможи на земјите-членки да складираат резерви пред претстојните зимски месеци.
Договорот вклучува доброволни намалувања меѓу август и март и ќе им овозможи на земјите-членки да складираат резерви пред претстојните зимски месеци.

Министрите за енергетика на Европската унија денеска го одобрија планот за намалување на употребата на природен гас за 15 отсто со цел да се намали зависноста од руските испораки.

Договорот вклучува доброволни намалувања меѓу август и март и ќе им овозможи на земјите-членки да складираат резерви пред претстојните зимски месеци.

Во случај на итност, ЕУ би можела да ги направи кратењата задолжителни, иако со одредени исклучоци кои беа договорени како дел од компромисот. Договорот доаѓа и во услови на изгледи дека Русија ќе го прекине снабдувањето со гас за ЕУ како одговор на санкциите поради нејзината инвазија на Украина.

Рускиот Газпром соопшти дека дополнително ќе ги намали веќе забавените испораки во Европа, почнувајќи од среда.

„Газпром“ за намалувањата ги потенцираше поправките на гасоводот „Северен тек“, но претставниците на ЕУ рекоа дека потезите се политички мотивирани.

Некои информации за овој извештај дојдоа од Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG