Линкови за пристапност

Блинкен: Нападот врз Одеса „фрла сериозен сомнеж врз кредибилитетот на руската посветеност на договорот за житото“

Американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека нападот „фрла сериозен сомнеж врз кредибилитетот на руската посветеност на договорот во петокот и ја поткопува работата на ОН, Турција и Украина да ја донесат критичната храна на светските пазари“.

Русија објави дека нејзините ракетни напади врз украинското пристаниште Одеса не треба да влијаат на договорот за обновување на извозот на жито. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека нападите ја погодиле само воената инфраструктура и „не се поврзани со инфраструктурата што се користи за извоз на жито“,

Реагираше Стејт департментот.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека нападот „фрла сериозен сомнеж врз кредибилитетот на руската посветеност на договорот во петокот и ја поткопува работата на ОН, Турција и Украина да ја донесат критичната храна на светските пазари“.

Русија првично негираше каква било вмешаност во саботниот напад, но во неделата рече дека нејзините сили се одговорни. Украинските власти рекоа дека работат на извозот на жито повторно по договорот што Украина и Русија го потпишаа во петокот. Обединетите нации и Турција помогнаа да се постигне договор, кој бара руската флота во Црното Море да овозможи безбедно минување низ областите што Кремљ ги блокираше откако ја започна својата инвазија на Украина кон крајот на февруари.

Одеса
Одеса

Аранжманот беше поздравен како важен чекор кон ублажување на глобалната криза со храна, при што генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го нарече „светилник на надеж, можност и олеснување“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја критикуваше Русија, велејќи дека го загрозува договорот за жито.

XS
SM
MD
LG