Линкови за пристапност

Гранатиран Харков, најмалку две жртви

Британското Министерство за одбрана во четвртокот соопшти дека руските сили продолжуваат со напади долж линијата на фронтот во регионот на Донбас, делот од источна Украина кој беше центар на нејзината војна.

Украина објави дека руското гранатирање во четвртокот врз градот Харков убило најмалку две лица, а 19 други се ранети. Регионалниот гувернер Олег Синегубов рече дека меѓу загинатите има и едно дете, а четири лица се во тешка состојба.

Британското Министерство за одбрана во четвртокот соопшти дека руските сили продолжуваат со напади долж линијата на фронтот во регионот на Донбас, делот од источна Украина кој беше центар на нејзината војна.

Во својата дневна проценка од теренот, Британија рече дека Русија најверојатно се приближува кон електраната Вулехирска, североисточно од Доњецк, и дека руските сили имаат приоритет на освојување на критичните инфраструктурни локации.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во средата изјави дека Москва сака да заземе територија во јужна Украина, надвор од регионот на Донбас.

Русија не успеа во раните фази на својата петмесечна офанзива да ја собори владата на украинскиот претседател Володимир Зеленски или да го освои главниот град Киев во северна Украина.

Но, Лавров во интервјуто во средата за државните медиуми рече дека Русија повеќе не се чувствува ограничена да се бори во Донбас, каде што руските сепаратисти војуваат против силите на Киев од 2014 година, кога Русија го припои украинскиот полуостров Крим.

XS
SM
MD
LG