Линкови за пристапност

САД: Нацрт-резолуција за признавање на дејствијата на Русија во Украина како геноцид


Резултатите од патувањето на украинската прва дама Олена Зеленски во Вашингтон почнуваат да се материјализираат, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање.

Зеленски рече дека американските сенатори Џејмс Риш, Бенџамин Кардин, Роџер Викер, Ричард Блументал, Роб Портман, Џин Шахин и Линдзи Греам презентирале нацрт-резолуција за признавање на дејствијата на Русија во Украина како геноцид.

„Според нацрт-документот“, рече Зеленски, „Сенатот ја осудува Русија за извршување акти на геноцид врз народот на Украина; ги повикува САД, заедно со сојузниците од НАТО и ЕУ, да ја поддржат владата на Украина за да спречи понатамошни акти на руски геноцид врз украинскиот народ; ги поддржува Трибуналите и меѓународните кривични истраги за да ги повикаат руските политички лидери и воениот персонал одговорни за војна за агресија, воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид“.

„Со сите свои терористички напади против Украинците и нашата земја, Русија само се закопува себеси“, рече Зеленски. Во меѓувреме, тој рече дека по состанокот со неговите воени лидери и персонал претходно истиот ден, заклучиле: „Имаме значителен потенцијал за напредување на нашите сили на фронтот и за нанесување значителни нови загуби на окупаторите“.

Сепак, руските сили повторно ги нападнаа украинските градови со удари од долг дострел, само еден ден откако рускиот министер за надворешни работи предупреди дека Москва се подготвува да ја прошири својата војна во Украина надвор од регионот Донбас.

XS
SM
MD
LG