Линкови за пристапност

Имате историска можност да кажете да за почетокот на преговорите, порача претседателот на Советот на ЕУ


Македонски јазик е ваш јазик, и предлогот го почитува тоа. Законодавството на ЕУ целото ќе биде преведено на македонски јазик, рече Мишел при посетата на Скопје
Македонски јазик е ваш јазик, и предлогот го почитува тоа. Законодавството на ЕУ целото ќе биде преведено на македонски јазик, рече Мишел при посетата на Скопје

Историска шанса – така првиот човек на Советот на ЕУ Шарл Мишел денеска го нарече францускиот предлог чија содржина предизвика остри реакции и тензии во земјава.

Советот на Мишел, кој дојде во Скопје среде протести и незадоволство кај дел од граѓаните, е да се искористи оваа можност и да се каже „да“.

„Македонци, имате историска можност да кажете да, да на почетокот на преговорите, да на ЕУ, да за нашите деца, вашата земја има прилика уште еднаш да стане првак во проширувањето, тоа ќе внесе нова динамика, овие реформи ќе ве приближат до ЕУ. Лично јас сум уверен дека ова е урамнотежено решение кое упатува на вашите загрижености и целта е јасна, да се започне со пристапните преговори и конечно да се придвижиме кон градење на нашата заедничка иднина во ЕУ. Ако кажете – да, првата меѓувладина конференција ќе се организира во следните неколку денови“, рече Мишел.

И премиерот Димитар Ковачевски повика да се искористи ова шанса и да се размислува рационално и мудро. Ковачевски пак уверуваше дека државните позиции се рефлектирани во предлогот, поддржан од сите земји-членки на ЕУ, особено за најчувствителните елементи – македонскиот јазик и идентитетот.

„Во европскиот предлог имаме дефинирани позиции за јасно прифаќање на македонскиот јазик. Македонскиот јазик во предлогот е апсолутно чист, на исто ниво како и другите европски јазици. Со овој модифициран предлог добивме чиста формулација за македонскиот јазик и со тоа е исполнета државната позиција. Ние Македонците сме горди на својот јазик и идентитет, македонскиот народ ниту некој го асимилирал, ниту некој го асимилира, ниту некој ќе го асимилира“, рече Ковачевски.

И самиот Мишел директно се осврна на прашањето на македонскиот јазик.

„Македонски јазик е ваш јазик, и предлогот го почитува тоа. Законодавството на ЕУ целото ќе биде преведено на македонски јазик. Свесни сме за загриженоста што ја изразија некои луѓе во врска со вашиот национален идентитет и може да сметате на мојата целосна поддршка како претседател на Европскиот совет.“

Освен состаноци со државно владиниот врв, Мишел имаше средби со спикерот Талат Џафери и со координаторите на пратеничките групи во Парламентот кој ќе ја носи конечната одлука околу предлогот.

За утре е договорен состанок на политичките партии застапени во Собранието во однос на заклучоците кои треба да се разгледуваат и усвојуваат во Парламентот.

Мишел: Македонски јазик е ваш јазик, и предлогот го почитува тоа
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:11 0:00

XS
SM
MD
LG