Линкови за пристапност

Тензично на протестите против францускиот предлог, демонстрантите го пробија полицискиот кордон пред Владата


Група демонстранти се упатија кон Собранието каде исто така ги пробија заштитните огради и фрлаа предмети кон Владата, но поголем инцидент не се случи. За утре повторно се најавени протести

СКОПЈЕ - Ескалација и насилство на третиот ден на протестите против фрнацускиот предлог пред Владата. Помала група демонстранти, со маскирани лица, ја пробија заштитната ограда пред Владата и се пробија до платото пред влезот во зградата каде што беа запрени од полициски кордон. Кон Владата летаа јајца и предмети а беа детонирани и петарди и топовски удари.

На денешниот протест по мотото „Ултиматум - Не благодарам“ пред Владата имаше неколку илјади граѓани, од кои огромен дел се повлекоа по страните во моментот кога малата група демонстранти која вроеше неколку десетици лица, тргна кон полицискиот кордон.

Непосредно пред почетокот на тензиите на импровизираната бина се качи пеачот Ламбе Алабакоски, кој ја испеа македонската химна.

„Ако мојата дијагноза е пироман, нивната дијагноза е предавничка“, рече Алабакоски кој потоа запали лист хартија на кој пишуваше „фрацуски предлог“ и „Договор со Бугарија“.

По еден час тензии и скандирања „Никога Северна, само Македонија“ и Бугарски фашисти“, состојбата се смири, а граѓаните пристуни на протестот почнаа да си заминуваат.

Дел од граѓаните присутни на протестот заминаа кон Собранието каде што исто така мала група демонстранти ја пробија заштитна ограда и фрлаа со предмети и јајца кон Законодавниот дом. Ескалацијана состојбата немаше а присутните граѓани бараа оставки од пратениците и во никој случај да не гласаат во корист на прифаќање на францускиот предлог.

Од владеачката СДСМ со осуда на тензиите кои се случија на денешниот протест.

„Силно го осудуваме насилството и инцидентите што вечерва се случуваат на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица пред објектите на Владата и Собранието. Вечерва јавноста обид за повторување на упадот од 27 април 2017 од страна на политички партии кои не и мислат добро ниту на државата, ниту на граѓаните“, стои во партиското соопштение.

Од другите партии засега немаше реакции.

За утре е најавен нов протест, можно е да се одржи и пред Собранието доколку во меѓувреме завршат партиските и колаициските консултации и предлогот на Франција за деболкирање на почетокот на преговорите со ЕУ се најде пред пратениците на пленарната седница.

XS
SM
MD
LG