Линкови за пристапност

Амбасадорот на САД во Москва, Саливан: Американски компании масовно заминуваат од Русија


Саливен: Економските односи меѓу САД и Русија се срушени, станаа прашина, и не се враќаат наскоро.
Саливен: Економските односи меѓу САД и Русија се срушени, станаа прашина, и не се враќаат наскоро.

Американскиот амбасадор во Русија Џон Саливан во интервју за руската редакција на Гласот на Америка, се осврна на клучната порака од амбасадорите на САД ширум светот во однос на влијанието на руската агресија.

„Светот се размрда по руската војна, агресијата започна на крајот на февруари, а амбасадорите на САД ширум светот, мора да осигурат дека светот ќе одговори за овој масовен чин на агресија и агресивна војна што се водат на европскиот континент со артилериски гранати врз антички градови во Европа. Руската влада и претседателот Путин одлучија да водат агресивна војна во обид да заземе дел или цела независна суверена земја, која е членка на Обединетите нации“, изјави првиот американски дипломат во Москва. Претседателот Бајден и секретарот Блинкен се обидоа да го обединат светот да се спротивстави на ова, рече Саливан.

Запрашан дека секретарот Блинкен, меѓу другите цели за приоритетите на американската надворешна политика и дипломатија во наредната година, ги наведе напорите на САД да испорачаат траен стратегиски неуспех на војната на Путин и Русија против Украина, амбасадорот Саливен наведе дека САД со сојузниците и партнери воведоа огромни економски санкции, контрола на извозот и ја изолираа Русија. „Сто и четириесет и една земја гласаа на Генералното собрание на ОН - и ја осудија агресивната војна на Русија во Украина.

Запрашан како би ги окарактеризирал билатералните односи денес, меѓу САД и Русија, амбасадорот на САД во Москва Саливан рече дека до крајот на минатата година имало над 1150 американски компании кои работеле во Русија.

„Сега имаме мал дел од тој број. Повеќе од две години се среќавав на секои две недели виртуелно, поради пандемијата, со Американската стопанска комора во Русија со седиште во Москва. Сега останаа многу малку членови на Комората. Економските односи меѓу Соединетите Држави и Русија се срушени, станаа прашина и не се враќаат наскоро. Значи, тоа не само што имаше голем ефект врз економијата на Русија, туку имаше голем ефект и врз мојата работа, бидејќи многу од она што го правев претходно беше ангажирање со американски компании кои сакаа да инвестираат или имаа проблеми со руската влада околу некои регулативи. Сега сè што слушам од нив, е за нивните планови да заминат, исто така од Русија“, изјави амбасадорот Саливан за Гласот на Америка.

XS
SM
MD
LG