Украина објави дека има жестоки и силни напади во вторникот во регионот Северодоњецк додека руските сили се обидуваат да стекнат целосна контрола врз источниот град.
Портпаролот на Генералштабот на вооружените сили на Украина на дневниот брифинг изјави дека борбите во Северодоњецк биле жестоки, при што Русија извршила воздушни напади и гранатирање на украинските позиции. Гувернерот на Луганск, Серхи Хајдаи, пријавил тешки борби во хемиската фабрика Азот, Северодоњецк, каде што се засолнуваат украински борци и околу 500 цивили.
Хајдаи, исто така, рече дека руските сили нанеле „катастрофално уништување“ во градот Лисичанск, кој се наоѓа веднаш преку реката од Северодоњецк.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги призна тешкотиите во обидот да го одбрани источниот регион на земјата, но рече дека руските сили ќе продолжат да се среќаваат со украинскиот отпор. „Таму ги имаме најтешките борби. Но, таму ги имаме нашите силни момци и девојки“, рече Зеленски во своето ноќно обраќање во понеделникот, додавајќи дека „окупаторите добиваат одговор на нивните постапки против нас“.
Претходно, Зеленски ја обвини Русија дека ја држи Африка како „заложник“ со блокирање на испораката на пченица и придонесувајќи за зголемување на цените на храната на Континентот.
Во видео - говорот пред лидерите на Африканската унија, Зеленски, предупреди: „Оваа војна може да изгледа многу далечна за вас, и за вашите земји. Но, катастрофалното зголемувањето на цените на храната веќе стаса и до милиони африкански семејства“.
Тој рече дека Украина води „комплексни преговори на повеќе нивоа“ за да се обиде да стави крај на руската блокада на украинските пристаништа.