Линкови за пристапност

Мерик Гарланд отиде во Украина да ја поддржи истрагата за воени злосторства


Гарланд се сретна со генералниот обвинител на Украина Ирина Венедиктова, која ја предводи истрагата на 16.000 пријавени воени злосторства од страна на Русија
Гарланд се сретна со генералниот обвинител на Украина Ирина Венедиктова, која ја предводи истрагата на 16.000 пријавени воени злосторства од страна на Русија

Главниот обвинител на САД Мерик Гарланд денес ја посети Украина да покаже поддршка во гонењето на руските сили обвинети за воени злосторства од страна на Киев.

Гарланд се сретна со генералниот обвинител на Украина Ирина Венедиктова, која е на чело на истрагата за, како што вели Киев, 16.000 пријавени воени злосторства на Русија откако ја нападна државата пред речиси четири месеци.

Русија негираше дека цели на цивили во Украина.

„Тука сум да ја изразам тоа непоколеблива поддршка на САД за народот на Украина во време на неиспровоцирана и неправедна руска инвазија“, рече Гарланд и додаде: „САД испраќаат непогрешлива порака, нема место за криење. Ние и нашите партнери ќе ги следиме сите достапни патишта за да се увериме дека одговорните за овие злосторства одговараат“.

Во првото судење за воени злосторства во Украина минатиот месец, руски војник се изјасни за виновен, фатално пукајќи во невооружен цивил четири дена по почетокот на инвазијата на 24. февруари.

Вадим Шишимарин (21) е осуден за фаталниот напад врз 62-годишен Украинец на доживотен затвор.

XS
SM
MD
LG