Линкови за пристапност

САД забранија употреба на противпешадиски мини


Според новата политика, САД ќе ја ограничат употребата на овие експлозиви, освен за нивните напори да ѝ помогнат на Јужна Кореја да се одбрани од потенцијална севернокорејска инвазија
Според новата политика, САД ќе ја ограничат употребата на овие експлозиви, освен за нивните напори да ѝ помогнат на Јужна Кореја да се одбрани од потенцијална севернокорејска инвазија

Администрацијата на претседателот Џо Бајден денес објави дека ќе ја ограничи употребата на противпешадиски мини од страна на војската на САД, доближувајќи ја политиката на земјата до меѓународниот договор за забрана на смртоносните експлозиви, пренесе Асошиетед прес.

Најавата го менува попопустливиот став на поранешниот претседател Доналд Трамп и ја заклучува ревизијата која траеше повеќе од една година.

Противпешадиските нагазни мини се закопани под земја или расфрлани по површината и претставуваат смртоносна закана за цивилите долго по завршување на борбите.

Според новата политика, САД ќе ја ограничат употребата на овие експлозиви, освен за нивните напори да ѝ помогнат на Јужна Кореја да се одбрани од потенцијална севернокорејска инвазија.

Соопштението доаѓа откако Русија распоредува такви мини за време на нејзината инвазија на Украина.

„Светот уште еднаш беше сведок на разорното влијание што го имаат противпешадиските нагазни мини о контекст на руската брутална и непредизвикана војна во Украина, каде што руските сили ја користат оваа и друга муниција која предизвика голема штета на цивили и цивилни објекти“, изјави портпаролката на Советот за национална безбедност Адриен Вотсон.

XS
SM
MD
LG